НАБАВКА НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ЗА АДАПТАЦИЈА НА ПРОСТОР

Здружението „Моето Гнездо – Скопје“ објавува јавен повик за доставување понуди за набавка на градежни работи за адаптација на простор во зграда бр. 1, кат ПР, КП бр. 765, сопственост на Општина Илинден, с. Марино, ул. 7 б.б., за воспоставување на услугата Помош и нега во домот .

🔨 Работите опфаќаат:

Демонтажа на врати, прозорци, казанчиња и постоечки санитарии

Поставување ПВЦ врати и прозорци со повеќекоморен профил

Крпење на ѕидови, шпалети и гипс картонски завршни работи

Замена на стакла, фарбање, глетување и молерисување

Поставување подни и ѕидни плочки, ВЦ шоља, казанче и чешма

Бетонирање и дополнителни завршни градежни активности

📑 Начин на аплицирање:

Понудата треба да биде доставена:

✉️ На адреса: Здружение Моето Гнездо – Скопје, Бул. АСНОМ бр.44-1/18, 1000 Аеродром, Скопје

📧 Или на e-mail: moegnezdo16@gmail.com

📂 Понудата мора да содржи:

Пополнет и потпишан образец В.2 – Образец на понуда (со електронски потпис доколку е по е-пошта)

Технички опис и предмер (Прилог В.2)

Цените да бидат во денари, со вклучен ДДВ и трошоци за испорака до објектот

🕒 Краен рок за доставување на понуди:

👉 03.10.2025 година до 16:00 часот

📌 Важност на понудата: 45 дена од рокот за доставување

📞 Контакт за информации:

+38977871286 – Анастасија Стојковска

⚠️ Набавката ќе се спроведе во согласност со Прописите за набавки на Светска Банка за ФИП (јули 2016, ревидирани 2017) .