Граѓанската организација „Моето Гнездо“ заедно со општина Илинден, во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со поддршка на Светска банка,
објавува ОГЛАС ЗА НЕГУВАТЕЛИ за услугата Помош и нега во домот.
Кого бараме?
Лица со најмалку основно образование
Здравствена способност за работа
Емпатија, одговорност и почит кон ранливи категории
Подготвеност за работа на терен и во домашни услови
Тимска и самостојна работа
Што нудиме?
Бесплатна двомесечна обука за негуватели
Сертификат по завршување на обуката
Работно ангажирање во услуга за Помош и нега во домот
Предност имаат жители на општина Илинден!
Испрати кратка биографија (CV) на: moegnezdo16@gmail.com
За повеќе информации јавете се на тел: +38977871 286
Рок за аплицирање: 15.09.2025 до 16:00 часот
Придружи се и стани дел од тимот кој прави разлика! ![]()